понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Oсум се изгаснати: Два активни пожари во Македонија

Oсум се изгаснати: Два активни пожари во Македонија

23

Вкупно 10 пожари на отворен простор биле регистрирани денеска на територијата на државата до 16:00 часот, од кои два се сè уште активни, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според официјалните информации од ЦУК, едното активно жариште се наоѓа на подрачјето на Скопје, односно меѓу селата Грчец и Шишево во општина Сарај, каде што гори ниска вегетација и мешана шума.

Вториот активен пожар во моментов е лоциран во источниот дел од земјата, поточно кај селото Калаузлија во општина Радовиш.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека преостанатите осум пожари кои избувнаа во текот на денот на отворен простор се целосно изгаснати од страна на противпожарните екипи.

 

ИЗДВОЕНИ