четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Осоговски орел“ ќе пошумува во чест на загинатите во пожарот во „Пулс“

„Осоговски орел“ ќе пошумува во чест на загинатите во пожарот во „Пулс“

68

Клубот за планинарски спортови, „Осоговски орел“ од Кочани, в сабота, организира акција за пошумување во месноста викана Пресечена скала над фабриката за вода во Кочани, во чест на сите загинати во пожарот во  дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија и членовите на клубот, Ѓорѓи Величков и Диме Димитров. Воедно, ќе се организира и прошетка околу браната Гратче.

Пошумувањето започнува во 13 часот. Зборното место е Пресечена скала, а крајната точка се водопадите на Кочанска Река, во должина од околу 8 километри.                                           

ИЗДВОЕНИ