понеделник, септември 7, 2026
Дома СВЕТ Општината знаела за опасноста, но клубот работел: Нови детали за трагедијата во...

Општината знаела за опасноста, но клубот работел: Нови детали за трагедијата во Кран-Монтана

0
EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Општината Кран Монтана била запознаена со тоа дека пената за звучна изолација, со која биле обложени ѕидовите на клубот „Констеласион“ во кој во новогодишната ноќ изби смртоносен пожар, била запалива.

Тоа, пишува швајцарскиот весник „Тагес-Анцајгер“, некој во општината го знаел многу пред пожарот, а доказ за тоа е е-пошта што најверојатно ја испратила управничката на зградата на општината Роуз Мери Клавин, пренесува агенцијата „АднКронос“.

Таа минатата недела била повикана во Сион на разговор кај истражителите, кои ѝ ја покажале пораката, за која се верува дека таа ја напишала, и во која пишувало дека треба да се биде внимателен во врска со пената што се користи за звучна изолација на зградата бидејќи би можела да предизвика пожар, а таа одбила да зборува за тоа, поради што и таа била ставена под истрага.

Друга порака, од 13 декември 2019 година, веќе се наоѓа во досието и неа ја напишала сопственичката на клубот Џесика Морети, а во која таа предупредува еден од вработените да бидат внимателни со огнометот бидејќи „ако искрите ја погодат пената, клубот ќе изгори“.

Кога Морети на испрашувањето на 5 јуни била прашана за е-поштата, рекла дека била иронична во таа порака. Новите документи, според весникот од Цирих, исто така ја доведуваат во прашање целата зграда во која се наоѓал ресторанот.

Зградата била изградена во 1968 година, а опфаќала бар во приземјето, 11 станови и неколку деловни простории. Инспекцијата спроведена во 2020 година наводно открила недостатоци во системите за согорување кај повеќето станови, а документите кои ги цитира „Тагес-Анцајгер“ го доведуваат во прашање целиот систем на инспекција за заштита од пожари во Вале, а не само клубот.

Во пожарот што во новогодишната ноќ изби во клубот загинаа 41 лице, а тешко беа повредени 115.

За пожарот беа обвинети сопственикот на клубот и неговата сопруга – Жак и Џесика Морети. На почетокот на август Жак Морети беше уапсен под сомнение дека ја претепал сопругата, која заврши во болница.

ИЗДВОЕНИ