ОН го прогласија 16 јули за Меѓународен ден на надежта, против гласаа само САД

161

САД се единствената држава во светот која гласаше против резолуцијата на Обединетите нации за прогласување Меѓународен ден на надежта, додека 180 земји ја поддржаа иницијативата, а две беа воздржани.

Иницијативата, која се потпира на наука, приказни и стратегии за поттикнување надеж, доби широка поддршка, вклучувајќи и земји со долготрајни геополитички конфликти како Украина и Русија, Северна и Јужна Кореја и Израел и Либан. САД не гласаа со образложение и критика дека резолуцијата е „мека програма за глобално управување која е неспојлива со американскиот суверенитет“.

Резолуцијата, усвоена од Генералното собрание на ОН како документ А/79/Л.54, го прогласи 16 јули за Меѓународен ден на надежта, со цел да се промовира надежта како „вештина што може да се подучува и да се научи“ за справување со очајот и поттикнување солидарност во заедниците низ светот.

 

 

ИЗДВОЕНИ