сабота, август 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ОЈО Битола отвори истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче – половина...

ОЈО Битола отвори истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче – половина година било сексуално злоупотребувано од 36-годишник

70

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12-годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

„Од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12-годишно девојче“, се вели во опосот за случајот.

Покрај тоа што сексуално го злоупотребил, Од обвинителството велат дека тој осомничен е и за кривично дело прикажување на порнографски материјал на дете.

„Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи. “, се вели во соопштението од Обвинителството.

Како што информираат оттаму, Јавен обвинител побара определување мерка притвор за осомничениот, повикувајќи се на опасност од бегство, можност за повторување на делото, како и ризик од влијание врз оштетената, нејзиниот исказ и врз други сведоци во постапката.

ИЗДВОЕНИ