За време на голем музички настан посветен на хитовите од 1990-тите во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, се случил инцидент кога маж наводно употребил бибер спреј во толпа, повредувајќи десетици луѓе.
Според полицијата, инцидентот се случил во петокот навечер околу 23 часот за време на настанот „Ги сакаме 90-тите“ на паркингот на фестивалската сала во Елсдорф, западна Германија, каде што се собрале околу 3.000 посетители, објави денес „Билд“.
Поради прскањето на иритирачката супстанца, неколку лица се пожалиле на тешкотии со дишењето, кашлање и иритација на очите.
Вкупно 27 лица се повредени, додека шест се однесени во болници на понатамошно лекување.
Полицијата соопшти дека осомничениот, за кој се вели дека бил пијан, брзо бил идентификуван и приведен.
Мотивот за нападот засега е непознат, а истрагата е во тек.
На местото на настанот реагирале бројни служби за итни случаи и полициски екипи, а покрената е постапка за масовен инцидент со голем број повредени, пренесува „Танјуг“.












