Одбраната на Палевски бара ослободителна пресуда

724

Во моментов во Кривичниот суд адвокатот на првоосомничениот Љупчо Палевски ги чита завршните зборови со кои се спротивставува на обвинението за двојното убиство и киднапирањата на Вања и Панче.

Од Судот побара да го ослободи Палевски бидејќи немало докази дека тој учествувал, соработувал и потикнувал во грозоморниот чин, со тоа целата вина ја префрли кон неговите сопартијци од Десна, Манев, Кешишев, Видевски.

Адвокатот Јовица Страшевски рече дека во текот на постапката било прекршено начелото на еднаквост на оружјата и тоа ќе биде основа за идните жалби пред повисоките судови и мeѓународниот суд за човекови права.

Страшевски тврди дека ОЈО нема никаква трага и доказ против Палевски, а тоа веќе го знае и јавноста, вели Страшевски. Денешното рочиште треба да биде последно пред објавување на пресудата.

ИЗДВОЕНИ