вторник, октомври 13, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Од утре нови цени на горивата: Мазутот поскапува, еве ги цените на...

Од утре нови цени на горивата: Мазутот поскапува, еве ги цените на бензинот и дизелот!

0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, со која се предвидува просечно зголемување од 0,87% во однос на претходната пресметка од 5 октомври 2026 година.

Новите максимални цени ќе важат од 14 октомври 2026 година, со почеток во 00:01 часот.

Според одлуката на РКЕ, цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети. Единствено зголемување е забележано кај мазутот М-1 НС.

Новите максимални цени на горивата се:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 98,50 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 100,50 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 97,00 денари за литар
Екстра лесно масло за горење 1 (ЕЛ-1) – 108,50 денари за литар
Мазут М-1 НС – 51,742 денари за килограм
Цената на мазутот е зголемена за 2,145 денари по килограм.

При пресметката се земени предвид движењата на референтните цени на светските пазари, како и промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар. Референтните цени на бензините се намалени за 1,561%, на дизелот за 1,479%, а на екстра лесното масло за 1,462%. Кај мазутот е регистриран пораст од 4,079%, додека курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,2931%.

Во пресметката се применети и владините мерки за намален ДДВ од 10% за еуродизелот, како и намалената акциза од 4 денари по литар за бензините и дизелот.

ИЗДВОЕНИ