среда, септември 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Од утре нема плаќање во готовина во автобусите на јавниот превоз

Од утре нема плаќање во готовина во автобусите на јавниот превоз

14343

Oд утре плаќањето билет во автобусите на ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци за градскиот и за приградскиот превоз ќе се врши исклучиво со КА-карта, платежна картичка виза/мастерс – бесконтакно плаќање директно во автобус.

Од ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци информираат дека не се прима готовина во нивните автобуси.

– Официјални партнери за продажба и надополнување кредит се Инфо-центарот на Градскиот плоштад, „Браво нутс“ кај старата автобуска станица, „Мар – Пет Макарена – Ваташа“ и ДМД ОИЛ Глишиќ – соопштија од претпријатието.

Оттаму известуваат дека до 31.12.2026 година, при секое купување на КА-карта со минимален кредит од 300 денари, првото возење е бесплатно.

За дополнителни информации, граѓаните може да се обратат во Инфо-центарот или на телефон 043 400 417.

ИЗДВОЕНИ