недела, јуни 21, 2026
Дома МАГАЗИН Од судница до музички хит – Боки 13 се смири со Дарко...

Од судница до музички хит – Боки 13 се смири со Дарко Димитров!

98

– Од 20 години инает до еден ден магија. Јас и Дарко – од караница до хит. Следно поглавје: историја!
Со Дарко не зборував 20 години, a денес, благодарение на Давор Аџиќ, ние сме нов тим што ќе победува. Ви најавуваме нови, брутални песни – вака отворено признава Боки во описот на заедничката фотографија споделена на неговиот „Инстаграм“.

Боки 13 се пофали на социјалните мрежи дека снима нови песни во студиото „Димитрови“, кај Дарко Димитров. Информацијата ја поткрепи со заедничка фотографија на која се сликани двајцата во присуство на Давор од естрадниот клан на браќата Аџиќ, за кого се зборува дека е „виновникот“ за спојката помеѓу Јовановски и Димитров. По цели две децении, тие пак се заедно – од судница, до музичко студио.  (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ