вторник, јули 14, 2026
Дома СВЕТ Од медицинскиот извештај по прегледот на Трамп: Претседателот е во одлична здравствена...

Од медицинскиот извештај по прегледот на Трамп: Претседателот е во одлична здравствена состојба, целосно способен да служи како врховен командант

70
Фото: EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Претседателот на САД Доналд Трамп е во одлична здравствена состојба, според лекарите по прегледот во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“. Трамп е целосно способен да служи како врховен командант, се додава во медицинскиот извештај.

Д-р Шон Барбабел го објави извештајот доцна синоќа, а прегледите беа спроведени претходно оваа недела.

Во извештајот се наведува дека прегледите вклучувале скенирања, скенирања на срце и разни прегледи извршени од 22 различни медицински специјалисти.

Трамп (79) по тричасовен преглед во вторник изјави дека сè е совршено.

Лекарот не пријавил ништо абнормално и рекол дека Трамп покажува добри кардиолошки, пулмонални и невролошки резултати и добро општо здравје, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ