недела, јули 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Обвинителството со детали за убиството во Битола: Додека спиела и нанел десетина...

Обвинителството со детали за убиството во Битола: Додека спиела и нанел десетина убоди со нож

362

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство, односно квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до жртвата и и нанел десетина убоди со нож во телото, од кои таа веднаш починала.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство.

ИЗДВОЕНИ