недела, август 9, 2026
Дома СВЕТ Oбјавена видео снимка со Моџтаба Хамнеи, но без датум кога е направена

Oбјавена видео снимка со Моџтаба Хамнеи, но без датум кога е направена

25

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка со врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, за кого се шпекулира дека му е влошена здравствената состојба, па дури и дека не е жив.

На краткото видео, кое го објави „Мехр“ на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе. Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту, пак, ги идентификуваше лицата што се појавуваат со него.

Фактот што не се појавил Хамнеи во јавност откако беше избран за врховен лидер во март годинава, дополнително го привлече вниманието кон снимката. Дел од иранските профили на социјалните мрежи тврдат дека не е ново видеото и дека потекнува од негови претходни предавања во Ком. Како аргумент го наведуваат фактот што иранските медиуми не објавиле датум или локација на снимањето.

Во меѓувреме, некои коментатори сметаат дека објавувањето стар материјал би можело да биде обид на иранските власти да ги намалат шпекулациите за здравствената состојба на Хамнеи. Засега нема независна потврда за ова, исто

ИЗДВОЕНИ