Од петокот е целосно воведен ЕЕС-системот, кој означува премин кон нов модел на гранична контрола во Европа, каде што наместо традиционалните печати, во пасошите се вршат дигитални проверки. Иако на почетокот има подолги задржувања и одредени технички проблеми, искуствата на патниците покажуваат дека системот постепено се оптимизира. Најголеми доцнења има при првата регистрација, некои патници велат дека на аеродром чекале и до 3 часа, дека луѓе пропуштале летови, а некои аеродроми, поради притисокот, дури привремено и го паузирале системот. Сепак, се посочува дека тоа се само екстремни случаи и не е секаде така, а ако веќе си впишан во системот, оди побрзо.
Македонските граѓани што во понеделникот се враќаа од Грција по поминатиот продолжен празничен викенд таму, сведочат дека имало поголеми колони и застои на сообраќајот на јужната граница, додека на македонска страна немало проблеми. Денеска нема редици пред граничниот премин Богородица. По пет до десет возила ја поминуваа границата за 10 до 20 минути, а за ЕЕС-регистрација или проверка на грчка страна немало проблеми и подолги чекања. Од оваа процедура засега се изземени професионалните возачи на камиони и автобуси, затоа што за нив ЕЕС-системот е одложен до септември
Нема хаос или распад на ЕЕС-системот, има почетни забавувања и адаптација и на системот и на патниците. Ова е типична „стартна фаза“ на големиот европски ИТ-систем, е главниот впечаток на регионалните медиуми. Да, се чекаше, особено првите денови од целосната имплементација, особено на аеродромите, додека на копнените граници состојбата варираше. Патниците што ја поминале процедурата на регистрација кажуваат дека најмногу се чека при првото регистрирање, некои велат дека на аеродром чекале и до 3 часа, дека луѓе пропуштале летови, а некои аеродроми, поради притисокот, дури привремено и го паузирале системот. Сепак, се посочува дека тоа се само екстремни случаи и не е секаде така, а ако веќе си впишан во системот, оди побрзо.
Македонски граѓани на социјалните мрежи објавија дека во понеделникот имало гужви на границите. Оние што се враќаа од Грција по продолжениот празничен викенд (се смета дека Грција не е целосно подготвена за системот) известија на поголеми колони и застои на сообраќајот на јужната граница, додека на македонска страна немало проблеми.
– Во петокот со пријателка тргнавме за Грција и сакавме на граничниот премин „Евзони“ да ја завршиме процедурата за регистрација. Иако немаше гужва пред граничниот премин, влеговме во Грција само со печат во пасошот – вели една скопјанка.
Денеска нема редици пред граничниот премин Богородица. По пет до десет возила ја поминуваат границата за 10 до 20 минути, а за ЕЕС-регистрација или проверка нема проблеми и подолги чекања.
Гужвите на аеродромите во Шенген-зоната, посебно во Брисел, Амстердам, Милано, продолжува. Патниците ја опишуваат како „комплексна и исцрпувачка“ процедурата за регистрација за ЕЕС (entry/exit system) системот, кој од 10 април целосно се применува на надворешните граници на Европската Унија, а кој предвидува дигитално регистрирање при влез и излез на граѓаните од земјите што не се членки на Унијата.
Регистрацијата не е само за патниците од земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина), туку и за граѓаните на Турција, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, како и за сите останати што влегуваат во ЕУ од другите континенти.
Наместо печат во пасош, како досега, сега на надворешните граници на ЕУ се земаат и дигитално се евидентираат личните податоци од патната исправа, фотографија од лицето и отпечатоци од прсти. Иако ЕЕС постепено се воведува од декември 2025 година и дека патниците при влез прво се регистрираат на автоматски киосци, а потоа продолжуваат на шалтер кај граничната полиција, поради сложената процедура која изискува време, од Европската комисија им дадоа време на државите – нејзини членки, сепак, во почетната фаза на примената на ЕЕС-системот да може да ја применуваат досегашната процедура.
Иако Брисел го претставува ЕЕС како систем што треба да ја зголеми безбедноста и со време да ја забрза контролата, првите денови од целосната примена покажуваат дека патниците, барем засега, добиваат подолги процедури и поголем притисок на копнените граници и аеродромите. Од АЦИ Европа посочија дека причините се недостиг на персонал, технички проблеми со киосците и ограничената употреба на алатките за претходна регистрација.
Од ЕК посочуваат дека регистрирањето на еден патник трае во просек 70 секунди, што според нив, е релативно брзо. Од почетокот на примената се регистрирани преку 52 милиони влегувања и излегувања во блокот на ЕУ – само на околу 27 илјади лица им бил одбиен влез, а околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.
Системот ги заменува рачните печати и овозможува евиденција на личните и биометриските податоци, со цел полесно следење на пречекорувањата на престојот од 90 дена до 180 дена. Со цел да не им биде отежната работата на возачите на камиони и на автобуси во Шенген-зоната, ЕК дозволи, за нив, да се одложат рестрикциите до септември 2026 година. Од Асоцијацијата „Макам-транс“ посочија дека сепак, уште од првиот ден, се забележани компликации и долги чекања на нашите камионџии на граничните премини со Хрватска и со Унгарија за да бидат фотографирани и да им се скенираат отпечатоците од прсти во системот.
Од Министерството за транспорт известија дека за оваа категорија професионални возачи, ЕЕС е одложен до септември, идентификувајќи ги државите од ЕУ каде што најмногу патуваат нашите камиони и автобуси за да добијат долгорочни работни визи.
– Со Бугарија и со Грција треба да имаме посебни договори, имајќи предвид дека тука има дневен сообраќај и воопшто да нема потреба од визи или ограничувања. Третиот дел оди релативно добро! Швајцарија веќе го стави во примена, Хрватска е во процес до последната недела на април. Веќе го потпишав решението нашите претставници да одат во Романија за и таму да се реши проблемот. Унгарија вети дека по завршување на парламентарните избори, кои ги имаат оваа недела, ќе работат на решавање на проблемот. На 21 – 22 април, владината делегација предводена од премиерот оди во Австрија на средба со канцеларот, каде што ова ќе биде една од клучните теми на агендата – изјави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
И со Германија се водат разговори преку Стопанската комора на странски инвеститори. Со Обединетото Кралство се почнати посебни преговори, бидејќи не е повеќе дел од ЕУ и Шенген-зоната и има други правила за работни визи за професионалците. Некои возачи велат дека за Обединетото Кралство добиваат привремени работни визи, додека за Швајцарија, која е во Шенген-зоната, но не во ЕУ, добиваат други визи со дозвола за ограничен престој од 80 дена.
(С. Бл.)












