недела, октомври 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Новата седмица носи сериозно заладување во Македонија: Температури под 15 степени, ветер...

Новата седмица носи сериозно заладување во Македонија: Температури под 15 степени, ветер над 60 километри на час и прв снег на планините

47

Новата седмица која што ни следува во Македонија ни носи значително заладување на времето и продор на ладен бран од север. Времето ќе биде променливо облачно и значително ладно со повремени локални послаби врнежи од дожд, пообилни врнежите ќе бидат во вторник (13 октомври) кога локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен, најави Славчо Попоски.

Во вторник (13 октомври) на планините во Македонија со надморска височина од над 1500 метри ќе има врнежи од снег, со што ќе се создаде снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. До среда (14 октомври) ќе дува засилен, повремено и локално силен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и значително ладно со услови за повремен локален слаб дожд, а малку повеќе врнежи ќе има во вторник (13 октомври). И во Скопје и околината до среда (14 октомври) ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој во делови од регионот и од котлината ќе достигнува брзина до околу или над 60 км/час.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степени, а максималните дневни температури на многу места ќе бидат околу, или под 15 степени, освен во Повардарието, Скопската котлина и во југоисточните предели каде тие ќе се искачат близу или за некој степен ќе надминат 20 степени.

Сѐ на сѐ, вистинското есенско време во Македонија е веќе тука, а како што погоре најавив, ни доаѓа и снегот на планините што е многу нормална појава за овој период од годината, вели метеорологот.

ИЗДВОЕНИ