петок, септември 11, 2026
Дома СВЕТ Норвешкото кралско семејство се соочи со уште една загуба: Почина принцезата Астрид,...

Норвешкото кралско семејство се соочи со уште една загуба: Почина принцезата Астрид, недолго по смртта на нејзиниот брат, кралот Харалд

74
EPA/Stian Lysberg Solum NORWAY OUT

Норвешката принцеза Астрид, постара сестра на покојниот крал Харалд, почина денеска на 94-годишна возраст, соопшти Кралската палата.

Норвешкиот крал Хакон VIII во соопштение наведе дека принцезата Астрид во текот на својот долг живот го претставувала кралското семејство „на топол и совесен начин“, пренесе Ројтерс.

Нејзиниот брат Харалд почина минатиот месец на 89-годишна возраст, по повеќе од 35 години владеење. Принцезата Астрид последен пат во јавноста се појавила во средата, на неговиот погреб.

ИЗДВОЕНИ