сабота, јуни 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Николоски во посета на САД, средби во Светска банка и Стејт департментот

Николоски во посета на САД, средби во Светска банка и Стејт департментот

44

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во наредните три дена ќе престојува во САД, каде ќе има средби во Светска банка и Стејт департментот и ќе се обрати и на главната пленарна сесија на годишниот форум „Transforming Transportation 2026″, заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас.

– Николоски ќе зборува на тема „Коридори за одржливо поврзување” каде што ќе се стави акцент на стратешките пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планирата изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8 – соопштија од Министерството за транспорт.

Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата. За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија.

 

ИЗДВОЕНИ