петок, јули 24, 2026
Дома СВЕТ Нетанјаху ќе отпатува за Вашингтон во понеделник

Нетанјаху ќе отпатува за Вашингтон во понеделник

19
Фото: EPA/RONEN ZVULUN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе отпатува за Вашингтон во понеделник, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп и ќе присуствува на погребот на починатиот американски сенатор Линдзи Греам.

Средбата со Трамп ќе се одржи во вторник, како и погребот за Греам, републиканец и цврст поддржувач на Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Средбата меѓу Нетанјаху и Трамп, прва меѓу двајцата лидери од почетокот на војната со Иран во февруари, доаѓа во време на ескалација на тензиите меѓу САД и Иран, при што Израел е во готовност за можноста Техеран да одлучи да ги прошири своите напади и да го нападне Израел.

 

ИЗДВОЕНИ