Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави засилена инвазија на јужен Либан, велејќи дека ѝ наредил на војската дополнително да ја прошири таканаречената „тампон зона“ и ветувајќи дека фундаментално ќе ја промени безбедносната ситуација таму.
„Тукушто наредив постојната безбедносна тампон зона дополнително да се прошири. Решени сме да ја промениме ситуацијата на север“, рече Нетанјаху во видео изјава од Северната команда, објавува Гардијан.
Тој рече дека одлуката имала за цел зајакнување на безбедносната позиција на Израел по должината на северната граница во услови на тековните тензии, каде што прекуграничните непријателства предизвикаа стравувања од поширока регионална ескалација.
Една петтина од населението, што брои повеќе од еден милион Либанци, веќе е иселено, а бројот на жртви, кој според најновите податоци, изнесува илјада луѓе, исто така се зголемува.












