понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нема опасност од хантавирус во Македонија, смирува ИЈЗ

Нема опасност од хантавирус во Македонија, смирува ИЈЗ

82

ИЈЗ уверува дека нема опасност од ширење на хантавирус во Македонија, откако Светската здравствена организација информираше за смрт на тројца патници на крузер на Атлантикот. Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, вели дека граѓаните немаат причина за паника и дека институциите будно ја следат состојбата.

– Овој вирус не е нов и засега нема ризик за македонските граѓани. Секојдневно сме во контакт со СЗО и Европскиот центар за контрола на болести – рече Андоновска. Таа појасни дека во Македонија уште од 2015 година се регистрирани случаи на хантавирус, а во 2018 имало и епидемија на бачило во Гостиварско, кога заразата се пренела од глодачи на луѓе. Досега биле регистрирани 32 случаи, од кои три со смртен исход.

Од ИЈЗ препорачуваат граѓаните да внимаваат на хигиената и да избегнуваат храна што стоела во магацини или на отворено, а општините редовно да спроведуваат дератизација. Андоновска нагласи дека ситуацијата не може да се споредува со ковид-пандемијата, бидејќи станува збор за вирус што одамна е познат и не се шири лесно.

СЗО соопшти дека на бродот „МВ Хондиус“ на Атлантикот починале холандска брачна двојка и германски државјанин, а потврдени се уште пет случаи на зараза.

ИЗДВОЕНИ