недела, јуни 14, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Нема конекција до „Мој ДДВ“: Веќе три дена не може да се...

Нема конекција до „Мој ДДВ“: Веќе три дена не може да се скенираат сметки

58

Апликацијата „Мој ДДВ“ не функционира целиот викенд. Граѓани се жалат дека апликацијата постојано покажува дека нема „конекција со УЈП“ и со тоа им се ускратува правото на зголемен поврат на ДДВ.

На официјалната страна на „Мој ДДВ“ е објавено дека апликацијата функционира со повремени забавувања, но без да прецизираат кога ќе биде повторно вратена во функција.

Ве информираме дека апликацијата МојДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање, стои во објавата на ФБ.

Во неколку наврати од директорката на Управата беше кажано дека оваа мерка не ја исполнило својата цел, иако, засега, не планираат да ја укинат.

Во меѓувреме, граѓаните на социјалните медиуми коментираат и се жалат за проблемите и за доцнењата, посочувајќи како главна причина најчесто дека „државата нема пари“ па затоа се случува ова.

ИЗДВОЕНИ