четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Не е вистина дека Украина сака да се здобие со нуклеарно оружје,...

Не е вистина дека Украина сака да се здобие со нуклеарно оружје, реагираат од Обединетото Кралство

316

Обединетото Кралство денес изјави дека тврдењето на Русија дека Украина сака да се здобие со нуклеарно оружје со помош на Велика Британија и Франција е неосновано.

„Ова е јасен обид на рускиот претседател Владимир Путин да го одвлече вниманието од неговите гнасни постапки во Украина. Нема вистина во ова. Ги слушнавте зборовите на премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, утрово во кои тој оддаде почит на неверојатната отпорност на украинскиот народ. Ќе продолжиме со нашите напори за обезбедување праведен и траен мир“, изјави портпарол на британската влада, пренесува „Скај њуз“.

Коментарот од официјален Лондон доаѓа откако руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) ги обвини Велика Британија и Франција дека планираат да му обезбедат на Киев нуклеарни бомби или „валкана бомба“ со нуклеарно оружје.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека информациите на СВР дека Лондон и Париз се подготвуваат да го вооружат Киев со нуклеарно оружје се исклучително важни со оглед на заканата што тие ја претставуваат за режимот за неширење на нуклеарно оружје и ќе влијаат на преговорите за Украина.

Рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков, исто така, денес изјави дека Русија е свесна за плановите на Франција и Велика Британија да ја снабдат Украина со нуклеарно оружје или технологија за производство на такво оружје, додавајќи дека тоа ќе влијае на ставот на Русија за решавање на украинскиот конфликт, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ