четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН „Инсценирана“ испорака за Трамп: „ДорДеш баба“ во Белата куќа среде прашања за...

„Инсценирана“ испорака за Трамп: „ДорДеш баба“ во Белата куќа среде прашања за Иран/ВИДЕО

308
EPA/SALWAN GEORGES / POOL

Неколку моменти откако претседателот Доналд Трамп неочекувано ги покани новинарите во Западното крило на Белата куќа, тој ја отвори вратата за да пречека жена облечена во маица со натпис „ДорДеш баба“ (DoorDash Grandma) која носеше две големи кеси со храна од „Мекдоналдс“.

„Не изгледа како ова да е инсценирано, нели?“, ги праша Трамп собраните новинари, пред да одвои околу 15 минути за да одговори на прашања за војната со Иран, вклучувајќи ги неуспешните разговори за време на викендот, Ормутскиот теснец и критиките кон папата Лав XIV.

Сè беше емитувано во живо на „Фокс њуз“ за време на емисијата „Outnumbered“, а со оглед на коментарите на водителите кои отворено му ласкаа на американскиот претседател, се чини дека сè беше однапред испланирано.

„Можете да го видите претседателот на екранот токму сега… Ова е снимка во живо од страната на Овалната соба. Разговара со жена… Да, има една млада жена која штотуку му достави „Мекдоналдс“. Се надевам дека добила добар бакшиш, сигурна сум дека добила. Неверојатен доказ дека претседателот, како и секогаш, се грижи за своите вработени на најдобар можен начин“, коментираше водителката Емили Компањо.

За време на планираното обраќање, Трамп накратко ја промовираше својата политика за укинување на данокот на бакшиш, за кој жената од „ДорДеш“ – вистинското име Шерон Симонс – рече дека многу и помогнало на нејзиното семејство.

Настанот, објави Си-Ен-Ен, очигледно бил наменет за промоција на одредбите од законот на Републиканската партија за ограничување на данокот на бакшиш, за кој Трамп и републиканците се надеваат дека ќе им помогне во пресрет на ноемвриските среднорочни избори. Но, тој исто така ги истакна напорите на Белата куќа, под притисок, да ја балансира домашната политика со водењето војна со Иран.

Трамп треба да отпатува во Невада и Аризона подоцна оваа недела за да ги промовира своите даночни политики, продолжувајќи ги домашните патувања што неговите советници претходно ги сметаа за клучни за мобилизирање на гласачите пред среднорочните избори – но кои во голема мера беа одложени откако го нападна Иран кон крајот на февруари.

ИЗДВОЕНИ