Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, присуствуваше на работната средба со претставниците на зимската служба на Општина Битола, во која се вклучени повеќе надлежни претпријатија и институции од градот.
Од Општината информираа дека целта на координирање на активностите е во насока на навремено дејствување на терен за претстојната сезона 2026-2027 година.
– За програмата на службата информираше раководителката на Одделението за комунални дејности, Марјана Спасевска, а градоначалникот Коњановски ја нагласи важноста од ефикасно спроведување на предвидените активности со цел навремено функционирање на зимската служба – соопштија од Општина Битола.
Програмата на зимската служба за сезоната 2026-2027 година беше донесена од страна на Советот на Општина Битола.












