Наспроти контроверзиите, Кевин Спејси денеска добива награда за животно дело

52

Наградата ќе биде доделена на гала 10-годишнината на Фондот на 20 мај во Кан, а Фондот соопшти дека Спејси ќе биде одликуван за неговиот „уметнички сјај“ и „влијание врз киното и уметноста“.

Претседателот и основач на Better World Fund изјави дека му е чест да го пречека Спејси како почесен гостин и примател на гала вечерата на Фондот, пренесува Deadline.

„Извонредниот придонес на Кевин во филмската уметност остави трага и кај публиката и кај филмаџиите. Неговиот талент, длабочина и посветеност на раскажувањето ја илустрираат трансформативната моќ на филмот. Возбудени сме што го прославуваме неговото наследство и присуство на овој значаен собир“, додаде тој.

Минатата недела беше објавено дека Кевин Спејси се приклучил на трилерот „The Awakening“, а проектот ќе биде еден од неговите први проекти откако неговата кариера беше уништена поради обвинувањата за сексуално недолично однесување.

Пред две години тој беше прогласен за невин за сексуални злосторства по долго судење во Велика Британија.

Двократниот оскаровец се обидува да ја обнови својата уништена кариера откако беше ослободен од сите обвиненија за сексуален напад во Велика Британија во 2023 година.

ИЗДВОЕНИ