недела, ноември 1, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Народната банка воведува администрација во Алта банка АД Битола

Народната банка воведува администрација во Алта банка АД Битола

26

Во насока да го заштити билансот на Алта банка АД Битола и на интересите на нејзините штедачи, Извршниот одбор на Народната банка на Република Македонија на денешната седница донесе решение со кое се водедува администрација во Алта банка АД Битола.

Информацијата за решението предмалку ја кажа гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески и како што рече: решението е во сила и оваа мерка е од времен карактер и се воведува исклучиво заради акционерот со квалификувано учество Алата банка АД Белград.

Мексималниот рок за времената мерка е 3 месеци и како што истакна Слевески, се дава време на акционерот Алта банка АД Белград да ги проде акциите во Алта банка АД Битола. Славески посочи дека веќе постојат 4-5 субјекти кои се заинтерсирани за купување на акциите на Алта банка АД Белград која од утре е веќе во стечај.

-Се правиме да го заштитиме имотот на банката и на граѓаните кои имаат депонирано средства. Во наредните денови ќе администрираме три лица од Народната банка кои треба да направат оптимизација на филијалите на банката и ќе им овозможиме на граѓаните да си ги користат средствата – истакна Славески.

Во интерес на граѓаните, а со цел извршувања на секојдневните плаќања, определен е неделен лимит за одлив од сметките на физичките лица во износ од 10.000 денари, којшто може да се користи со картичките издадени од Банката. Сите интерни плаќања помеѓу сметките на клиентите (правни и физички лица) во рамки на Банката остануваат овозможени во неограничен износ.

Народна Банка на Република Северна Македонија, рече Славески, како и досега ќе продолжи да ја следи состојбата во Банката и ќе презема активности во рамки на своите законски надлежности.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ