Руските напади синоќа убија 17 лица во Киев, изјави градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, денес на социјалните мрежи, прогласувајќи го петокот за ден на жалост.
„Ова е најмасовниот напад врз Киев од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година“, објави Кличко на социјалните мрежи.
Украинските спасувачки служби соопштија дека околу 90 лица се повредени и дека потрагата по преживеани под урнатините на уништените згради продолжува, пренесува „Бета“.












