четврток, август 6, 2026
Дома СВЕТ Нафтената дамка кај Оман се прошири на 150 квадратни километри

Нафтената дамка кај Оман се прошири на 150 квадратни километри

0

Нафтената дамка од насуканиот танкер „Caroline Bezengi“ во близина на брегот на Оман се проширила на околу 150 квадратни километри, покажуваат сателитски снимки анализирани од еколошки експерти.

Загадувањето веќе зафатило делови од заштитено подрачје во Арапското Море, каде живеат загрозени видови птици и реткиот арапски грбав кит. Се проценува дека танкерот превезувал повеќе од 800.000 барели сурова нафта.

Еколошките организации предупредуваат дека инцидентот претставува сериозна закана за морскиот екосистем и ги истакнува ризиците од т.н. „сенковна флота“ за транспорт на руска нафта.

ИЗДВОЕНИ