недела, јули 12, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Нафтата повторно поскапе

Нафтата повторно поскапе

74
EPA/ROMAN PILIPEY

Цените на нафтата денес повторно растат, а европските индекси се во минус откако новите американски напади врз Иран и тврдењата на Техеран дека целта му била американска воздухопловна база ги потресоа пазарите и ги поттикнаа загриженостите за војна на Блискиот Исток.

Според податоците на берзата во 9:30 часот наутро, цената на суровата нафта се зголеми за 2,52 проценти на 90,983 долари, а на суровата нафта од типот Брент за 2,58 проценти на 96,673 долари.

Понатамошна конфузија на пазарите предизвикаа контрадикторните сигнали од Вашингтон и Техеран.

Иранските државни медиуми објавија дека Техеран е подготвен да го обнови комерцијалниот сообраќај низ Ормускиот теснец во рок од еден месец од евентуалниот договор, додека Белата куќа ги нарече ваквите тврдења „целосни измислици“.

ИЗДВОЕНИ