Советот на Општина Штип ја почна постапката за продажба на мнозинскиот дел од акции на фудбалскиот клуб „Брегалница“ – Штип, кои во моментов се во сопственост на Општината.
На последната седница на Советот, советниците од коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дадоа зелено светло, односно прифатија да почне постапката за продажба на акциите на ФК Брегалница.
Советниците од СДСМ, пак, на прес-конференција порачаа дека ја поддржуваат одлуката, но побараа постапката да биде транспарентна.
Од општинските служби на седницата на Советот на општина Штип појаснија дека интерес за акциите пројавил германскиот државјанин, Соломон Франк Петар.












