Наместо на Малдиви, по брачниот бродолом, ужива во животот на Кариби! На мисите во црквата на Кариби, пејачката побара и нова брачна радост. По разводот, таа речиси десетина години немаше момче, ниту била вљубена во некој. Беше разочарана. И оставена. – Сега сум во поинаква ситуација. Јас ни најмалку не влегувам лесно во нова врска по оној мој брачен бродолом. Но, верувам во вистинска љубов помеѓу маж и жена!
Популарната балканска поп-пејачка Нина Бадриќ, наместо на пролетно летување на Малдиви, бидејќи во ова време-невреме авионите накај тие острови, во тој правец, не летаат, таа одлета на другиот крај од светот. На некои други, исто така, егзотични острови, поточно, на Карибите.
Според тоа како си поминува, може лесно да се дојде до заклучок дека одморот ѝ се погоди сто проценти. Не е сама, туку е во друштвото на пријателите од Јадранскиот Остров Хвар, од каде што потекнува и таа, а со неа е и нејзиното ново момче, кое го крие од новинарите и од обожавателите. Разбирливо. Сака да си ја зачува приватноста. Но и на Карибите, пејачката не можеше да си го скроти својот немирен темперамент. За време на една нивна заедничка вечера, кога се дозна дека е популарна пејачка, Нина направи мини концерт. Гостите беа повеќе од воодушевени. А, сето тоа се случи сосема спонтано.
– Кога си на вечера во ресторан на Кариби, па ќе дознаат дека си професионална пејачка, мора да се помириш со новонастанатата ситуација. На луѓето да им пееш додека тие вечераат, а ти со гладен желудник, вели расположената Нина. Но, само да знаете дека луѓето беа прекрасни и беа од различни страни на светот.
Инаку, Нина, како голем верник, во текот на изминатата недела одеше на миса во една црква на Карибите, каде што, исто така, пеела и каде што се запознала со свештеникот од родната Хрватска.
– Еве како изгледа тоа кога ќе најдете црква на островот, кога ќе одите на неделна миса и кога ќе се сретнете со свештеник од Хрватска на другиот крај од Земјината топка. Нина, на мисите во црквата на Кариби, побара и нова брачна радост. По разводот, таа речиси десетина години немаше момче, ниту била вљубена во некој. Беше разочарана. И оставена.
–Сега сум во поинаква ситуација. Јас ни најмалку не влегувам лесно во нова врска, по оној мој брачен бродолом. Но верувам во вистинска љубов помеѓу маж и жена. Верувам во вистинскиот партнер, само треба да се сложат коцките. Секој од нас знае да си го препознае тоа кај себе, објасни разубавената и потемнета од карипското сонце, веселата Нина. Додава дека на Карибите е со пријатели кои имаат вистински бракови:
– Во нивните бракови има и радост и тага, но гледам дека тие секогаш поминуваат заедно низ сето тоа без расправии. Таков е животот, создаден од солзи и смеа, констатира Нина. И ова долго, топло лето, пејачката ќе има многу концерти по должината на Јадранскиот Брег. Исто така и кај нас, во Македонија, едниот се планира да биде во Охрид, другиот во Струмица, третиот во Битола, а оној наредниот концерт е веќе закажан во скопската арена „Борис Трајковски“.
(Д. М.) фото: архива-Инстаграм












