понеделник, август 17, 2026
Дома СВЕТ На Етна се појави нов отвор од кој тече лава

На Етна се појави нов отвор од кој тече лава

26

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија – Етнеанска опсерваторија, денес објави дека е забележан нов отвор на планината Етна во Вале дел Бове, на надморска височина помеѓу 2.200 и 2.350 метри надморска височина, од кој почнала да тече лава.

Како што е наведено, емисијата на пепел од кратерот Ворагина продолжува и ја распрснува во југоисточен правец, објавува агенцијата AdnKronos, пренесе „Танјуг“.

Сеизмичката активност се зголеми во недела попладне, а оттогаш, со мали флуктуации, амплитудата малку се намали, но останува во високиот опсег, објавува порталот Catania Today.

ИЗДВОЕНИ