На 39 години почина ѕвездата од серијата „Озборувачка“

2438
EPA/GARY C. CASKEY

Мишел Трахтенберг, актерката најпозната по улогите во „Бафи, убиецот на вампири“ и „Озборувачка“, почина на 39-годишна возраст.

Актерката беше пронајдена мртва од страна на нејзината мајка денеска во нејзиниот стан во Њујорк, нешто по 8 часот по локално време, изјавија полициски извори за ABC News.

Според овој медиум, Мишел Трахтенберг неодамна била подложена на трансплантација на црн дроб и се верува дека имала компликации од оваа процедура.

Обдукција допрва треба да се направи.

Трахтенберг започна да глуми како девојче, ги доби првите улоги во телевизиските проекти „Никелодеон“, како што се сериите „Авантурата на Пит и Пит“ и филмот „Хариет шпионката“.

Својот голем пробив го постигна во серијата „Бафи убиецот на вампири“, во која ја играше Дон, помладата сестра на главниот лик кој го игра Сара Мишел Гелар, од 2000 до 2003 година.

Трахтенберг ја портретираше Џорџина Спаркс на Озборувачката од 2008 до 2012 година, а исто така се појави и на Mercy, Weeds и Truth or Scare.

Нејзините најзабележителни филмски улоги беа во „EuroTrip“, „17 Again“ и „The Scribbler“.

ИЗДВОЕНИ