Денеска е уапсен возачот кој вчера во Скопје со “фиат пунто” удри жена и избега од местото на настанот, информираат од МВР.
-На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Н.(19) од Скопје затоа што вчера (05.08.2026) во 21:20 часот на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ ГOБ “8 Септември“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. По насоки на јавен обвинител, Н.Н. е задржан во полициска станица, возилото е одземено и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР












