среда, јули 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител со неговата изјава ja компромитирал...

МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител со неговата изјава ja компромитирал акцијата за приведување на полицајците

103

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со неговата вчерашна изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници.

– МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на јавното обвинителство, стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи.

Државниот јавен обвинител вчера во телевизиско гостување соопшти дека во тек е акција за приведување на седум нови полициски службеници во врска со пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 61 лице, а 193 беа повредени.

ИЗДВОЕНИ