На платото на пред салата „Борис Трајковски“, како дел од настанот „Најдоброто од Македонија“, вчеравечер настапија познати домашни изведувачи „Слаткаристика“, „Суперхикс“, „2 Бона“, Фанк Шуи и Дина Јашари. Ова е втор концерт од прославата со која во Скопје се одбележува 35 години независност.

Нивниот настап беше проследен со голем интерес од љубителите на македонската музика.

– На една сцена – артисти со кои пораснаа и сè уште растат многу генерации. Една вечер, различни генерации и комбинација од најдоброто од македонската музика на едно место, посочија организаторите.

ИЗДВОЕНИ