Фото: Instagram printscreen/@tiphaineauziere

Тифин Озиер (42), ќерка на Брижит Макрон, пронајде нова љубов со инструкторот по кајтсурфинг, 20 години помлад од неа, Антоан Леконт (22). Ќерката на првата дама на Франција, Брижит Макрон, ги следеше стапките на својата мајка кога станува збор за заљубување во многу помлад маж, пишува „Њујорк пост“, но со интересен пресврт – нејзиниот нов партнер е, на некој начин, нејзин учител.

Тифин Озиер (42) објави фотографија на Инстаграм со Антоан Леконт (22), со кого беше на одмор во Амстердам.

Според француските медиуми, двојката се запознала во монденското крајбрежно гратче Ле Туке во северозападна Франција, каде што Леконт работел како инструктор по кајтсурфинг.

– Веднаш беше очигледно дека има нешто меѓу нив – изјавил близок пријател на Озиер за француското списание Гала.

– Тие имаат многу заедничко: љубов кон Ле Туке и возбуда, но исто така и патувања и претприемништво – додаде тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @antoine.lcmte

Брижит Макрон наводно е воодушевена од новата врска на ќерката

Брижит Макрон, според изворите, е „воодушевена“ што нејзината ќерка повторно ја пронашла љубовта, само неколку месеци откако раскинала со францускиот ТВ водител Сирил Анон.

– Таа реагирала како што би реагирала секоја мајка. Единственото нешто што ѝ е важно е среќата на нејзината ќерка, па затоа е многу среќна што гледа дека ужива – изјавил изворот за Гала. Таа ќе биде среќна да го запознае Антоан – додаде тој.

Леконт наводно веќе ги запознал двете деца на Тифин – Аурелија (10) и Елиз (12).

Тифин и нејзиниот нов партнер имаат 20 години разлика. Тоа е пет години помалку од разликата во годините помеѓу нејзината мајка Брижит (73) и нејзиниот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон (48).

Макрон имал 15 години кога ја запознал својата идна сопруга, која тогаш била мажена, мајка на три деца и наставничка во приватното училиште што го посетувал во Амиен.

Тифен во тоа време имала девет години. Кога родителите на Макрон дознале за нивната врска, го повлекле својот син од тоа училиште.

Емануел Макрон и Брижит се венчале кога тој имал 29 години, а таа 54. Францускиот претседател нема биолошки деца.

ИЗДВОЕНИ