На јужниот брег на Чиле, морето се повлече пред пристигнувањето на цунамито по силниот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Се работи за водна површина помеѓу најјужниот врв на Јужна Америка – Кејп Хорн – и Јужните Шетландски Острови на Антарктикот.
Властите издадоа итно предупредување за цунами, што доведе до евакуација.
Покрај жителите на Магаланес, се евакуираат и жителите на населбите Пунта Аренас и Пуерто Наталес. На жителите на овие населби им било наредено да се оддалечат од брегот.
Според првичните проценки, се очекува цунами високо меѓу еден и три метри да го погоди брегот.
Врз основа на прелиминарните параметри на земјотресот, можни се опасни бранови од цунами на бреговите лоцирани на 300 километри од епицентарот на земјотресот.
Чилеанската хидрографска и океанографска служба проценила дека во наредните часови брановите ќе стигнат до Антарктикот, а потоа и до градовите на крајниот југ на Чиле.
Претседателот на Чиле, Габриел Бориќ повика на итна евакуација на населението.
Според чилеанската агенција за катастрофи (Сенапред), повеќе од 1.700 луѓе досега се евакуирани на повисоките места во ретко населената област, вклучувајќи 1.000 од градот Пуерто Вилијамс и 500 од Пуерто Наталес.
Околу 32 лица се евакуирани од чилеанските истражувачки бази на Антарктикот.
Сенапред издаде највисоко ниво на предупредување за катастрофи, што значи дека сите ресурси ќе бидат мобилизирани за да се одговори.
Локалните медиуми јавуваат дека повикот за евакуација во безбедни подрачја, лоцирани на 30 метри надморска височина, е мерка на претпазливост.
🟢 CHILE |
Hay alerta de Tsunami para las costas de #Chile, luego de un sismo de 7.5 grados.
El mar se ha retirado en algunos sectores
Video TVN pic.twitter.com/LZ5wzXe2v5
— SomosEstrategia (@SomosEstrategia) May 2, 2025