Видеозаписот е снимен на локации во Австралија и Македонија. На тој начин, симболично ги поврзуваат и двете татковини – онаа каде што сега живеат и онаа што ја носат во своите топли македонски срца. Во време кога традицијата лесно се губи во современиот начин на живот, надеж будат младите Македонци кои со љубов и посветеност ја чуваат македонската песна, македонскиот дух, дури и далеку од татковината. Токму такви се младите и талентираните Петар Дамчески и Тијана Степановски од Мелбурн, Австралија. Тие со своето творештво оставаат силен белег меѓу македонската дијаспора.
Овие две „златни грла“ неодамна го промовираа својот заеднички проект – емотивниот дует „Молитва за Македонија“, песна која носи силна порака за љубовта кон татковината, корените и идентитетот. Видеозаписот е снимен на локации во Австралија и Македонија. На тој начин, симболично ги поврзуваат и двете татковини – онаа каде што сега живеат и онаа што ја носат во своите топли македонски срца.
За Тијана, ова е прво музичко остварување, но со својот вокал и емоција таа јасно покажува дека пред неа стои светла музичка иднина. Од друга страна, Петар веќе има зад себе неколку авторски песни, со што се докажува како сериозен и посветен уметник кој сигурно чекори на музичката сцена. Нивната заедничка мисија е јасна – да ја негуваат и да ја пренесуваат македонската песна, традицијата и културата меѓу младите генерации во дијаспората.
Преку нивниот труд и ентузијазам, македонската песна продолжува да живее и да се развива и надвор од границите на татковината. Петар и Тијана се вистински пример дека љубовта кон Македонија е вечна.












