вторник, јули 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Млада скопјанка пронајдена мртва во својот дом во Аеродром, наредена обдукција

Млада скопјанка пронајдена мртва во својот дом во Аеродром, наредена обдукција

0

Триесет и седумгодишна жена е пронајдена почината во својот дом на подрачјето на скопската општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 6 јули околу 22:45 часот, откако во домот била пронајдена без знаци на живот С.П. (37) од Скопје.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. При првичниот увид не биле забележани видливи траги на насилство.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта. За случајот се преземаат понатамошни дејствија.

ИЗДВОЕНИ