EPA/NEIL HALL

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ, направи шоу на Вимблдон во второто коло. Во текот на паузата на мечот со Стефанос Циципас, тој исплаши една од девојките што собираа топки. Ја замоли да му помогне да му ја пресече кинези-лентата со ножици, па се однесуваше како да го повредила. Таа беше исплашена некое време, а потоа почна да се смее.

Српскиот тенисер ѝ се извини веднаш по мечот, па неколку дена подоцна реши да се сретне со неа. Ја покани да дојде по еден од неговите тренинзи и ѝ дозволи да избере капа, која потоа ја потпиша.

– Жал ми е што те исплашив. Тоа е српски хумор – рече Новак со насмевка.

Одговорот дојде веднаш.

– Нема за што да се грижиш, ми беше смешно. Мислев дека е добро, навистина беше смешно – додаде девојката.

Потоа Новак ѝ дозволи да избере подарок, проследено со автограм и шеги.

– О Боже, многу ти благодарам! Цел ден размислував како да ти вратам, но се плашев дека нема да можам да го направам тоа како што треба, па не сакав да се засрамам и се откажав – се пошегува таа и го насмеа Ѓоковиќ.

По тоа, се сликаа. Дефинитивно момент што долго ќе го памети. Сето ова го објави Вимблдон на своите социјални мрежи.

ИЗДВОЕНИ