понеделник, септември 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Млад Македонец паднал од тобоган и го повредил вратниот пршлен на одмор...

Млад Македонец паднал од тобоган и го повредил вратниот пршлен на одмор во Турција, ќе биде донесен со владиниот авион

3335

Млад македонец кој паднал од тобоган на летување во Бодрум, Турција се здобил со тешка повреда , скршил вратен пршлен, ќе биде утре донесен со владиниот авион , потврдија од Службата за општи и заеднички работи за весникот Вечер.

Здравствените власти од Турција одобриле момчето да биде донесено во земјава со авион, а не со медицинско возило, па на барање на родителите , Фондот за здравство одобрил, а зад одлуката стои и Министерството за здравство, потврдуваат од Владата. Во владиниот авион ќе има и медицински тим кој ќе ја следи состојбата на повредениот. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ