Вечерва се одржа средба на претставниците на маркетите и премиерот во Владата на која било заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените.
Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.
Имав средба со големите маркети. Активно ја следиме состојбата и нема да дозволиме отстапувања и профитерство. Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа. Со преставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и дека не треба да има ново зголемување, објави тој во соопштение на фб.
Тој порача дека владата продолжува да ја следи состојбата и да интервенира доколку има потреба за тоа затоа што најважен е интересот на граѓаните.












