epa12031747 Italian Prime Minister Giorgia Meloni arrives to welcome her Norwegian counterpart at the Chigi Palace in Rome, Italy, 14 April 2025. EPA-EFE/ETTORE FERRARI
Италијанската премиерка Џорџа Мелони порача денеска, по телефонскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со европските лидери, дека Италија е подготвена да даде свој придонес за мирот во Украина.
„Работиме на непосреден почеток на претоворите меѓу страните кои можат да доведат до што побрз прекин на огнот и да изградат услови за праведен и траен мир во Украина.
Во таа смисла, подготвеноста на Светиот Отец да биде домаќин на разговорот во Ватикан е оценета како позитивна. Италија е подготвена да го вложи својот дел во олеснувањето на контактите и работи на мирот“, се наведува во соопштението на италијанската Влада, пренесува агенцијата „Нова“.
Мелони, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александер Стуб, украинскиот лидер Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, разговараше телефонски со претседателот на Соединетите американски држави, Доналд Трамп за мирно решение на судирот во Украина.
Трамп претходно имаше двочасовен телефонски разговор со рускиот лидер Владимир Путин.
Тој изјави дека со претседателот на Русија договорил дека Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за примирје и крај на војната. Трамп напомена дека условите за тоа ќе бидат договорени меѓу двете страни и додаде дека „тонот и духот на разговорите биле одлични“, пренесува „Танјуг“.