петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Меѓународни напори за решавање на кризата на Блискиот Исток: Договор или ескалација?

Меѓународни напори за решавање на кризата на Блискиот Исток: Договор или ескалација?

Израел предупредува на можна продолжена ескалација ако не се постигне договор

111
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Во тек е широка меѓународна иницијатива од Катар, Турција и Египет за постигнување договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Иран, дознава израелскиот Inet од безбедносни претставници кои додаваат дека, во спротивно, може да следи продолжена ескалација на конфликтот.

Според нив, Трамп се обидува да избегне исход во кој би изгледало дека Иран извршил притисок со затворањето на Ормутскиот теснец, туку сака наратив во кој САД наметнуваат услови. Една опција е да се постигне постепен договор во последен момент, според кој Техеран би дозволил повторно отворање на теснецот, додека Вашингтон би го намалил интензитетот на своите напади и би започнал со повлекување.

Израелските претставници велат дека е неизвесно дали Иран ќе се согласи на такво сценарио, но нагласуваат дека Израел „нема друг избор“ освен да ги следи одлуките на Вашингтон.

„Ние би претпочитале нападите да продолжат, но ќе направиме што и да се одлучи“, рекоа тие

Како што велат тоа ќе биде јасно денеска, бидејќи ултиматумот на Трамп истекува вечерва.

Тие додадоа дека евентуалниот политички дијалог и разгледувањето на можноста за отворање на Ормутскиот теснец би укажувале на фазен договор.

„Не може да се исклучи дека ќе се постигне договор во последен момент, но ако не, ќе следи ескалација што би можела да трае со месеци“, предупредија официјалните лица.

Според нив, Трамп не сака копнена операција, но ако нема договор посредуван од Катар и Турција, тој би можел да се одлучи за воена цел на терен, вклучително и заземање на иранскиот остров Харг, познат како „нафтен остров“, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ