вторник, јуни 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Маж се заканувал со нож, фрлал покуќнина и повредил членови од семејството...

Маж се заканувал со нож, фрлал покуќнина и повредил членови од семејството на сопругата

Брутално насилство во Скопје

193

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишен скопјанец осомничен за телесна повреда, загрозување на сигурноста и предизвикување општа опасност, по инцидент што се случил во семејниот дом во Скопје. Според Обвинителството, осомничениот вршел семејно насилство врз сопругата и нејзината мајка, нанесувајќи им телесни повреди. Тој најпрво почнал да вика и да се заканува на сопругата и на нивните две малолетни деца, на возраст од четири и шест години. Кога сопругата побарала да престане, ја фатил за раката и ја турнал, при што ја повредил. Продолжил да ја крши покуќнината, а  со клуб маса замавнал кон мајката на сопругата, нанесувајќи ѝ повреди на ногата и градниот кош. Според наводите, тој се заканувал дека ќе ги убие присутните, па дури и дека ќе го задави сопственото дете. Во еден момент извадил нож и замавнувал со него, предизвикувајќи страв и чувство на несигурност кај членовите на семејството. Откако сопругата телефонски ги повикала нејзиниот татко и брат, осомничениот продолжил да им се заканува и ним. Дополнително, од боксот го пуштил своето куче од расата шарпланинец, кое каснало еден од оштетените во пределот на надлактицата и потколеницата.

Поради сериозноста на настанот, опасноста од бегство и можноста осомничениот да ги повтори делата, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.(П.А.)

ИЗДВОЕНИ