среда, август 5, 2026
Дома СВЕТ Масовен руски напад го уништи Киев: Главниот град нападнат со балистички ракети,...

Масовен руски напад го уништи Киев: Главниот град нападнат со балистички ракети, има жртви и повредени/ФОТО/ВИДЕО 

1
EPA/TOMMASO FUMAGALLI

Бројот на жртви од масовниот руски напад со ракети и беспилотни летала врз регионот Киев синоќа се искачи на 15, а 27 се повредени, објави денес Државната служба за вонредни состојби на Украина.

– Во ноќта на 5 август, непријателот изврши масовен напад со беспилотни летала и балистички ракети. Како резултат на рускиот напад, пожари и уништувања се случија во областите Оболонски, Свјатошински, Голосеивски и Десњански. За жал, 14 лица загинаа, а 27 беа повредени за време на ноќниот напад на непријателот. На сите ранети им е пружена потребна медицинска помош, според соопштението објавено на Телеграм, објави претходно Укринформ.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во објава на Телеграм изјави дека 15 повредени лица се хоспитализирани, од кои четворица се во сериозна состојба.

Воздушната тревога над регионот Киев е сè уште на сила, а спасувачите продолжуваат да работат во услови на зголемена опасност, бидејќи сè уште постои ризик од повторени руски напади.

ИЗДВОЕНИ