вторник, февруари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Македонски државјанин шверцувал ампули во Србија

Македонски државјанин шверцувал ампули во Србија

101

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи и Управата за криминалистичка полиција во соработка со Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство Ниш го уапсиле Н.А.(41), македонски државјанин, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење“.

При контрола на граничниот премин Прешево, на влез во Србија, во автомобилот „ауди Q8“ во кој се наоѓал пријавениот, во багажникот меѓу лични предмети била пронајдена поголема количина ампули од медицински препарат.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведен до надлежното обвинителство.

ИЗДВОЕНИ