Македонија планира да се задолжи со 1,3 милијарди евра на меѓународниот пазар во 2027 година. Откако Владата донесе одлука за новото задолжување, Министерството за финансии веќе ги започна процедурите и оттаму појас нуваат дека средствата ќе бидат обезбедени преку меѓународниот пазар, но точниот период за задолжувањето сè уште не е утврден и ќе зависи од условите на финансиските пазари.
Според објаснувањето од Министерството за финансии, парите ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит во 2027 година, како и за отплата на обврските што доспеваат по основ на претходни задолжувања. Меѓу нив е и еврообврзницата издадена во 2023 година, која треба да се отплати во 2027 година.
Од Министерството посочуваат дека планираното задолжување е предвидено во Фискалната стратегија и Стратегијата за јавен долг. Одлуката, сепак, наиде на критики од опозицискиот СДСМ. Од партијата обвинуваат дека новото задолжување се прави поради избори и дека државната каса е празна. СДСМ наведува дека за 35 години сите влади ја задолжиле државата со околу осум милијарди евра, додека, според нивните податоци, Владата предводена од Христијан Мицкоски за две години ја зголемила задолженоста за четири милијарди евра.
Според податоците наведени во информацијата, јавниот долг во 2026 година надминал 10,7 милијарди евра, што претставува околу 60 % од бруто-домашниот производ.












