петок, јули 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Македонија ќе биде домаќин на состанокот на Процесот„Брдо-Бриони“ во октомври

Македонија ќе биде домаќин на состанокот на Процесот„Брдо-Бриони“ во октомври

46
Фото: фб, претседател

Македонија во октомври ќе биде домаќин на состанокот на процесот Брдо-Бриони, кој првично требаше да се одржи на Бриони, но беше откажан поради заострените односи меѓу Хрватска и Србија.

По средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Љубљана, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар изјави дека сите земји учеснички се согласни процесот да продолжи, оценувајќи го како единствена платформа каде лидерите од Западен Балкан, Словенија и Хрватска разговараат еднаш годишно.

Таа најави дека средбата ќе се одржи во октомври, а дополнително ќе бидат соопштени датумот и локацијата во Македонија. Пирц Мусар нагласи дека е важно на состанокот да присуствуваат сите држави, вклучително и Косово и Србија, и порача дека процесот треба да обединува, но и да отвора простор за разговори за потешките политички прашања.

ИЗДВОЕНИ